Симонс се врати во НБА лигата и потпиша за Сакраменто Кингс

Поранешниот прв избор на НБА драфтот, 30-годишниот Бен Симонс, доби нова можност во најсилната кошаркарска лига во светот, потпишувајќи едногодишен договор со Сакраменто во вредност од 3,5 милиони долари.
Симонс изминатиот период се опоравуваше од долгогодишни проблеми со грбот и ногата, но во текот на летото успеа да ги убеди челниците на Сакраменто дека е подготвен за нов почеток.
Поранешниот прв избор од НБА драфтот во 2016 година се прослави во дресот на Филаделфија, со која ја освои наградата за дебитант на годината, а подоцна беше избран во најдобрата дефанзивна петорка во лигата.
Сепак, неговата кариера беше обележана со бројни повреди и долги периоди на отсуство од теренот.
Симонс го одигра својот последен натпревар во НБА на 29 април 2025 година.