Модриќ не оди во пензија, ќе продолжи да игра за Хрватска

Лука Модриќ ќе продолжи да настапува за Хрватска и покрај тоа што следната недела ќе наполни 41 година. Капитенот на „коцкестите“ ја потврдил својата достапност пред новиот селектор Славен Билиќ и претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Маријан Кустиќ.
Модриќ ќе биде во составот за претстојните натпревари од Лигата на нациите против Чешка, Шпанија и Англија. Тој е рекордер на Хрватска со 202 настапи, во кои постигнал 29 голови и 32 асистенции. За репрезентацијата дебитираше во март 2006 година против Аргентина.
Интересно, Модриќ повторно ќе соработува со Славен Билиќ, 14 години по нивната последна заедничка работа. Билиќ не го крие задоволството што еден од најважните фудбалери во историјата на Хрватска останува на располагање.
Модриќ кој освојувач на „Златната топка“ во 2018 година и актуелен играч на Милан ќе продолжи да го надградува репрезентативниот рекорд.