Елиминирана ланската финалистка во Њујорк, Анисимова немоќна против Потапова

Анастасија Потапова продолжува со одличните резултати во оваа сезона и за првпат во кариерата се пласираше во осминафиналето на УС Опен.
Тенисерката која што настапува под австриско знаме направи големо изненадување, откако ја елиминираше десеттата носителка и минатогодишна финалистка Аманда Анисимива со 6-2, 7-5.
Со пласманот во осминафиналето на УС Опен, Потапова стигна до 24. место на лајв ВТА листата.