Нов гол на Ташовски, Раднички Ниш падна во Лучани

19-годишниот Васил Ташовски влезе во голема форма во најдобрата српска лига оваа сезона, со негов гол Младост Лучани го совлада Раднички Ниш со 1-0.

Ташовски голот го даде уште во 12. минута, за него тоа беше трет гол оваа сезона.

Фудбалерот кој има македонско државјанство, но фудбалот го учеше во Србија каде што и сега игра, ветува многу.

Тој има и македонско и српско држајванство. Настапуваше за Србија У18, но и за Македонија У20.

Ташовски е офанзивен фудбалер по страничните позиции, може да игра и лево и десно, а може и како офанзивен фудбалер во средниот ред.