Кими Антонели победи на легендарата Монца

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели е сензационалниот победник на трката за Големата Награда на Италија откако стартуваше од 19.позиција и прв ја мина целната линија, воедно е првиот италијански возач по 60 години со триумф на Италијанското Гран При. Последниот што победил бил Лудовико Скарфиоти во 1966 година со Ферари.

Ова е прва победа на Антонели на домашна патека и воедно седма победа сезонава – сите постигнати оваа сезона. Тимот на Мерцедес доминираше во текот на целата трка откако Џорџ Расел имаше водство во дел од трката. Расел го освои второто место, а место на подиумот избори и Макс Верстапен од Ред Бул.

Трката ја одбележа и возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој во првите кругови изгуби контрола над болидот и заврши во заштитната ограда поради што трката беше прекината. Леклер ист инцидент имаше и пред шест години на патеката во Монца.

Во генералниот пласман води Антонели со 242 бода, пред Расел и Луис Хамилтон од Ферари, кои имаат по 183. Кај конструкторите води Мерцедес со 425 бодови, а следи Ферари со 346.

Следната трка се вози за седум дена во Мадрид ГН на Шпанија.