Српската јавност одушевена од Матеј Гаштаров

Младиот македонскиот фудбалер Матеј Гаштаров одигра одличен натпревар за Црвена звезда во вечното белградско дерби против Партизан, во кое неговиот тим славеше со 2-1. Гаштаров беше стартер во средниот ред и изнуди пенал од кој Црвена звезда го постигна победничкиот гол. Според оценките, неговиот настап беше оценет со 7, втора највисока во тимот.
Српските медиуми посебно ја истакнува неговата тактичка зрелост и работа без топка, оценувајќи дека Гаштаров знае кога да направи прекршок и кога да биде мотиватор на пресингот.
За Гаштаров ова беше прво вечно дерби, а по натпреварот не го криеше задоволството од големата победа.