Швајцарија без Џака доаѓа во Скопје

Капитенот на швајцарската репрезентација, Гранит Џака, призна дека купил сертификат за вакцинација против коронавирусот за време на пандемијата, поради што против него е покрената истрага во кантонот Луцерн.

Поранешниот играч на Арсенал и Баер Леверкузен, сега член на Сандерленд, проговори за случајот и призна дека направил грешка.

Џака објасни дека во тој период имал големи сомнежи и стравови за вакцината и дека, наместо да гo реши по редовен пат, решил да купи сертификат за вакцинација. Сега таквата одлука ја означи како грешка и најави дека ќе преземе одговорност и целосно ќе соработува со надлежните органи.

Случајот ќе има и директни спортски последици. Џака нема да биде со швајцарската репрезентација на претстојниот состанок, а претседателот на швајцарската федерација, Петер Кнабел, објави дека таквата одлука е донесена заеднички и во интерес на тимот.

Неговиот статус во националниот тим ќе биде повторно разгледан по репрезентативната пауза. Според информациите до кои дојде порталот „Блик“, полицијата извршила рација во лекарска ординација во 2023 година и запленила докази, додека Џака треба да биде сослушан пред обвинителството во Луцерн на почетокот на октомври.

На 26 септември, Швајцарија без Џака ќе гостува во Скопје, потоа ќе има и гостување во Шкотска, а потоа на почетокот на октомври ќе игра на домашен терен против Словенија и Македонија во Луцерн.