Барса ќе започне да слуша понуди за Кунде

Барселона наводно донела одлука да ги разгледува понудите за Жил Кунде, кој повеќе не се смета за недопирлив во составот на Ханси Флик.

Според информациите од шпанските медиуми, каталонскиот гигант би бил подготвен да се раздели со францускиот репрезентативец доколку добие понуда меѓу 60 и 70 милиони евра. За Кунде веќе постои интерес од Челси, кој бара засилување во последната линија.

Кунде пристигна на „Камп Ноу“ во 2022 година од Севилја и брзо се наметна како важен играч. Французинот може да игра и како стопер и како десен бек, а неговиот договор со Барселона е со важност до 2030 година.

Сепак, неговата позиција во тимот во последниот период значително се промени. Кунде ги пропушти последните три натпревари во Ла Лига без да влезе во игра, нешто што претходно не му се случило откако е член на Барселона.

Интерес за неговите услуги имаше и во текот на летото. Се споменуваа понуди од Тотенхем во вредност од околу 65 милиони евра, а сега во трката се вклучува и Челси.