Лина Ѓорческа поразена во првото коло на Челенџ турнир во Анкара

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот во првото коло на Челенџер турнирот во Анкара.
Ѓорческа претрпе пораз од Ксенија Зајцева со 1-2 во сетови.
Нашата најдобра тенисерка по голема борба го освои првиот сет со 7-5.
Во продолжението од 22 годишната Русинка, стартуваше со преј уште во првиот гем, а направи ушпте два и го добо сетот со 3-6, за израмнување.
Одлучувачкиот трет сет донесе голема борба на теренот. И тој Зајцева го почна со бреј, а Ѓорческа го врати во петтиот гем. Сепак Русинката направи уште два, а Ѓорческа еден брејк, па Зајцева со 4-6 го доби сетот, а мечот со 1:2 по два часа и осум минути игра.
Ѓорческа која е на 340.место на ВТА листата, трета седмица по ред, ги завршува настапите уште во раната фаза.
Така бреше и на претходните два турнири во Љубљана и Анталија. Денешната нејзина противничка Зајцева е 102 места послабо рангирана од Ѓорческа на ВТА листата.