Монтела се заблагодари на турската нација за соработката

Италијанецот, Винченцо Монтела, се огласи на социјалните мрежи откако пред три дена се повлече од функцијата главен тренер на турската фудбалска репрезентација.
„Секоја убава приказна на крајот завршува, но, некои патувања оставаат трага што е многу поважна од фудбалот. За мене беше огромна чест да ја водам турската репрезентација“ – рече Монтела.
„Посебна благодарност до играчите за нивната напорна работа и посветеност кон националниот тим. Заедно доживеавме незаборавни моменти, ги надминавме тешкотиите и станавме дел од посебно поглавје во историјата на земјата“ – напиша Монтела на социјалните мрежи.