НБА лигата тестира паметна топка

Комесарот на НБА, Адам Силвер,објави дека лигата тестира кошаркарски топки со вграден чип со тежина од приближно еден грам за натпреварите во 2027 година.
„Експериментираме со мал чип. Играчите не забележуваат разлика – тоа е добар знак. Мислам дека би можел да се користи за да им се помогне на судиите за време на натпреварите“ – рече Силвер.
Комесарот верува дека примена на технологијата ќе им овозможи на кошаркарите да ја анализираат техниката на шутирање. На пример, ако играчот изведе стотици шутеви, податоците од чипот ќе помогнат да се утврди кои агли и вртења се најуспешни.