Реал најави жалба за црвениот картон на Винициус

Доколку Винисиус Жуниор добие суспензија од два или повеќе натпревари, нема да игра на првото Ел Класико оваа сезона.
Винисиус неспортски го повлече Салиба за коса и доби директен црвен картон. Судијата во записникот запиша дека Бразилецот бил исклучен поради насилнички акт.
Информациите велат дека Реал Мадрид ќе се жали за црвениот картон на Винисиус, иако се свесни дека тешко е тој да биде поништен. Борбата е тој да добие само еден меч суспензија и да може да игра на Ел Класико.
Клубот исто така ќе го обжали жолтиот картон на Конате. Тој е на ужте еден картон пред суспензија.
Реал Мадрид во следното коло ја пречекува Севиља, а потоа ѝ гостува на Барселона.