Чеферин и УЕФА упатија ултиматум во Инфантино

Европската фудбалска унија (УЕФА) продолжува да врши притисок врз Светската фудбалска федерација (ФИФА), поставувајќи ѝ рок до 2 ноември да ги достави бараните документи и да одговори на отворените прашања поврзани со управувањето и процесот на донесување одлуки во организацијата.
Генералниот секретар на УЕФА, Теодос Теодоридис, испратил писмо до ФИФА во кое посочил дека повеќе прашања сè уште остануваат без одговор, додека дел од документацијата што претходно ја побара европската централа не е доставена.
Иако претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на состанокот одржан минатиот четврток се извини за предлогот дел од правата поврзани со Светското првенство да бидат отстапени на приватни инвеститори, тоа очигледно не било доволно за да се смират реакциите во УЕФА.
Европската фудбалска куќа одлучила да го засили притисокот и да побара конкретни одговори во предвидениот рок. Засега нема информации какви мерки би можела да преземе УЕФА доколку ФИФА не ги достави бараните документи до 2 ноември.