Монфис нов селектор на француската Дејвис Куп репрезентација

Францускиот тенисер Гаел Монфис во 2026 година ја заврши играчката кариера, во вторникот имаше проштална церемонија, а Тениската федерација на Франција објави дека тој е наследникот на Пол-Анри Матие на позицијата селектор на Дејвис куп репрезентацијата. Во стручниот штаб заедно со него ќе бидат познатите француски имиња Жил Симон и Ришар Гаске.
„Огромна е честа да се биде селектор на Франција. Сакам да направам тимски проект и да создадам атмосфера која ќе ни овозможи да се овозможи заеднички да се бориме за титулата“, изјави Монфис.
Инаку, Монфис пред извесен период се разведе од својата сопруга тенисерката Елина Свитолина.
Франција последната титула во Дејвис купот ја освои во 2017 година, а има вкупно десет пехари.