Азар ги послуша докторите и одби трета операција на глуждот

Кошмарот на Еден Азар со повреди продолжува откако пристигна во Реал Мадрид летото 2019 година. Тој доби уште една повреда на мускулот кратко време откако се врати во тренажен процес. Белгиецот ќе биде надвор од теренот од 4 до 6 недели, но се надева дека ќе биде подготвен за настап на Европското првенство. Причината за повредите на мускулите на Азар е проблем во левиот скочен зглоб, од кој страдаше подолго време. Тој размислувал за операција на зглобот за отстранување на метална плочка која била поставена за да обезбеди поголема стабилност. Играчот веруваше дека оваа плочка предизвикува непријатност и е причина за повреди на мускулите. Докторите и медицинските лица од Реал Мадрид и од Лондон, со кои Азар работи одделно, го советуваа да не оди на операција. По консултациите, фудбалерот се откажа од оваа опција и ќе продолжи со опоравување од последната повреда без операција.