Мурињо му аплаудираше на Адеми и Ристовски (видео)
Македонскиот репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб се пласираа во четвртфиналето во Лига Европа, откако по 120 минути игра славеа на „Максимир“ против Тотенхем со 3:0. Оршиќ беше стрелец на трите гола за екипата која ја предводеше Крзнар за прв пат, по оставката на Зоран Мамиќ. По мечот, несвојствено за него, Мурињо влезе во соблекувалната на Динамо и им го честиташе пласманот во четвртфиналето.