Пикфорд ќе се врати на терените следниот месец
Голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, е повреден и ќе мора да паузира извесен период потврдија популарните „карамели“ на официјалната веб- страница на клубот. На натпреварот од Премиер лигата против Барнли, 27-годишниот голман беше заменет во првото полувреме откако се здоби со повреда на стомакот и затоа ќе мора да паузира до крајот на месецов. Во сезоната 2020/21, Пикфорд забележа 25 настапи за Евертон и прими 32 гола. Пикфорд дебитираше како репрезентативец на Англија во 2017 година.