Борусија Дортмунд без Халанд и Хумелс во ЛШ
Екипата на Борусија Дортмунд ќе биде без Ерлинг Халанд и Матц Хумелс во можеби решавачкиот натпревар од групата Ц од Лигата на шампионите против Спортинг Лисабон на гостински терен.
Двата тима имаат еднаков број на бодови пред финалните два меча во групната фаза и нивната меѓусебна пресметка можеби ќе одлучи кој ќе му се приклучи на Ајакс за пласман во елиминационите натпревари.
Сепак „жолто-црните“ од Дортмунд ослабени ќе патуваат за Лисабон, бидејќи во екипата нема да настапат Матц Хумелс и Ерлинг Халанд. Првиот ќе паузира поради суспензијата заработена по добиениот црвен картон на средбата со Ајакс, додека Халанд веќе подолг период се опоравува од повреда.