Ливерпул подготвува 40 милиони фунти за Филипс од Лидс
Фудбалерот од средниот ред на Лидс Јунајтед, Калвин Филипс е на врвот на листата за потенцијални засилувања на Ливерпул во летниот период.
Тренерот Јирген Клоп е „голем фан“ на фудбалерот и поради тоа клубот е подготвен да плати 40 милиони евра за негово ангажирање.
Интерес за англискиот репрезентативец има од повеќе европски клубови. Неодамна тој беше поврзуван со преоѓање во Реал Мадрид, Баерн Минхен и ПСЖ. Неговиот договор со Лидс е до 30 јуни 2024 година. Калвин Филипс во моментот е надвор од фудбалските терени поради повреда со која се здоби на почетокот од декември и мораше да оди на операција.