Челзи го бара Курзава од ПСЖ

Екипата на Челзи нема голем избор во потрагата по лев бек кој би го заменил повредениот Бен Чилвел за кого оваа сезона е веќе завршена.

Францускиот Лион не сака да ја прекине позајмицата на Емерсон, па „плавите“ од Стенфорд Бриџ го контактирале Париз Сен Жермен со намера да се информираат за можноста за ангажман на Лајвин Курзава, кој би дошол на позајмица во Лондон до крајот на сезоната.

Курзава не е во плановите на тренерот на ПСЖ, Покетино па не е исклучена можноста играчот да пристигне во Челзи.