Барселона го посакува Жоао Феликс
Екипата на Барселона е заинтересирана за доведување на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс.
22-годишниот Португалец има речиси 100 натпревари во дресот на Атлетико, постигнувајќи вкупно 22 гола, од кои во оваа сезона само три. Тренерот на екипата Диего Симеоне претпочита предност во нападот да добиваат Антоан Гризман, Луис Суарез, и Анхел Кореа што доведе до видна разочараност кај младиот Феликс.
Тој во Атлетико Мадрид пристигна во летото 2019 година, за рекордни 120 милиони евра но никогаш не успеа да го достигне својот целосен потенцијал, пред се поради малата минутажа и стилот на игра кој го практикува тренерот Симеоне.
Приоритетен трансфер на Барселона за ова лето се очекува да биде Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, но доколку тој не се реализира се очекува Каталонците да тргнат по Жоао Феликс.