Артета „грми“ по судиите: Ако кажам што мислам, ќе ме суспендираат на шест месеци

Фудбалерите на Арсенал доцна синоќа загубија на теренот на Тотенхем со 3-0 а нивниот тренер,  Микел Артета, не крие дека е разочаран од судењето.

Домаќините прво добија сомнителен пенал а потоа по искулучувањето на Холдинг имаа и човек повеќе на теренот. Токму тоа не му се допадна на Артета.

„Ако кажам што мислам ќе бидам суспендиран на шест месеци. Викнете ги судиите, тие нека ги коментираат одлуките“, потенцираше тренерот на Арсенал.