Симеоне останува тренер на Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид оваа сезона не успеа да освои ниту еден трофеј, но навивачите не се претерано разочарани поради тоа.

Обезбеден е пласманот во Лигата на шампионите за следната сезона, а оваа сезоноа стигнаа до четвртфиналето каде беа елиминирани од Манчестер Сити.

По дуелот со Севиља, Аргентинецот изјави дека и следната сезона дефинитивно ќе остане тренер на Атлетико Мадрид и со тоа е отстранета секоја дилема околу неговата иднина во клубот.

„Нема што да се каже, продолжувам со работата во Атлетико. Без грижи, опуштено“, изјави Симеоне.

Популарниот „Чоло“ е во Мадрид од 2011 година и има освоени четири европски и четири домашни трофеи.