Баерн Минхен во наредниот период ќе настапува без Лерој Сане
Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен соопшти дека играчот Лерој Сане наредниот период ќе биде надвор од теренот поради заработената повреда на бутниот мускул.
Од Баерн наведуваат дека лекарските прегледи покажале дека Сане го скинал левиот бутен мускул за време на победата од 5:0 над Фрајбург.
Засега нема прецизни информации колкав период Сане ќе мора да паузира од настапи за минхенскиот клуб.