Рамос добива нов договор во ПСЖ
ПСЖ има намера да го продолжи договорот со дефанзивецот Серхио Рамос, пренесуват медиумите во Франција.
Според истите, Рамос успеал да се прилагоди и наметне во ПСЖ. Тој има одлични односи со главниот тренер Кристоф Галтие и добро влијание во соблекувалната на клубот. Во оваа насока, ПСЖ сака да го продолжи договорот со шпанскиот фудбалер.
Да потсетиме, Серхио Рамос се пресели во ПСЖ во летото 2021 година од Реал Мадрид. Неговиот договор со клубот е до 2023 година. Порталот Трансфермаркт ја проценува цената на овој играч на 6 милиони евра.
Рамос оваа сезона има девет настапи за ПСЖ во сите натпреварувања без постигнат гол. По дванаесет кола, ПСЖ е на чело на табелата во францускиот шампионат со 32 бодови.