Мусиала е планот Б на Реал ако пропадне трансферот на Мбапе
Реал Мадрид планира да го ангажира играчот од средниот ред на Баерн Џамал Мусиала доколку не успеат да го комплетираат трансферот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе ова лето. Оваа информација ја објави „Sport Bild“.
Претходно во медиумите се појави информација дека 20-годишниот офанзивен играч за врска не брза да го продолжи договорот со клубот од Минхен. Од друга страна голем број европски клубови се заинтересирани за купување на Мусиала. Покрај Реал Мадрид, интерес за фудбалерот покажуваат и Манчестер Сити и Ливерпул.
Да потсетиме, сегашниот договор на Мусиала со Баерн Минхен е до летото 2026 година. Германскиот фудбалер оваа сезона учествуваше на 12 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна четири гола и три асистенции.