Играње во Суперлигата ќе значи исклучување од Серија А
Неодамна бурни реакции во јавноста предизвика одлуката за Суперлигата на Европскиот суд кој пресуди во корист на иницијаторите за формирање на вакво натпреварување. Европскиот суд и забрани на УЕФА да ги санкционира клубовите, меѓутоа и во таква ситуација се појавуваат препреки за оние кои би учествувале.
Во одбрана на УЕФА застанаа домашните натпреварувања, а сега од Италијанската федерација пристигнала порака до клубовите дека не смеат да размислуваат на Суперлигата.
Имено, Фудбалската федерација на Италија донела одлука секој клуб кој ќе учествува во Суперлигата да биде исфрлен од Серија А.
Италијанската Федерација не дозволува клубовите да се приклучуваат на ниту едно друго натпреварување кое е не под капата на УЕФА и ФИФА.