Најавеното невреме го одложи дуелот Болоња – Милан
Фудбалскиот натпревар меѓу Болоња и Милан кој требаше да се одигра утре е одложен поради поплавите во регионот Емилија Ромања, потврдија денеска челниците на „Серија А.
Одлуката доаѓа откако градоначалникот на Болоња објави дека стадионот – „Ренато Дел’Ара“ не може да биде домаќин поради поплавите во градот иако тој не беше оштетен.
„Ова е необјаснива одлука. Градоначалникот на градот не дозволи натпреварот да се одигра без публика“, вели претседателот на Милан, Паоло Скарони. Од домашниот тим, пак, се согласуваат со одлуката мечот да биде пролонгиран за друг термин.