ПСЖ влегува во трка за Александер-Арнолд
Реал Мадрид ќе има многу силна конкуренција во обидот да го привлече дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд.
Според информациите на шпанското издание „Спорт“, францускиот гигант Пари Сен Жермен по завршувањето на сезоната ќе наддава за англискиот интернационалец.
Како што е познато, договорот на Арнолд со Ливерпул истекува на крајот од актуелната сезона, а во моментов дефанзивецот одбива да започне преговори за негово обновување со „црвените“.
Блиски извори до Реал тврдат дека токму англискиот интернационалец ќе биде приоритетна мета на „кралевите“ на лето.
Доколку Ливерпул не успее да го задржи Трент Александер-Арнолд, тогаш неговиот трансфер од Енфилд ќе биде бесплатен, тоа не значи дека клубот кој го привлече нема да мора да плати сериозна сума на пари.