Бешикташ и Макаби ќе играат во Лига Европа во Унгарија

Натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лига Европа меѓу турскиот Бешикташ и Макаби Тел Авив ќе се одигра во Унгарија без навивачи поради тоа што се случи во Амстердам. Ова го објави прес-службата на Бешикташ на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).

Да потсетиме, навивачите на Макаби ТА беа нападнати во Амстердам по натпреварот од 3. коло од Лига Европа со Ајакс (0:5).

„Одлучено е натпреварот од Лигата на Европа на УЕФА помеѓу Бешикташ и Макаби Тел Авив да се одржи во Дебрецен, Унгарија, единствената земја која се согласи да биде домаќин како резултат на преговорите меѓу нашиот клуб и УЕФА, федерациите поврзани со УЕФА и локалните власти. Иако постигнавме договор со унгарските власти за прием на гледачи на натпреварот, неодамнешната одлука на унгарските локални власти доведе до тоа натпреварот да се игра без навивачи поради инцидентите што се случија за време на натпреварот Ајакс – Макаби Тел Авив“, се вели во соопштението на прес-службата на Бешикташ.