Ракометарките убедливо поразени од Србија на „Кроација Купот“
Женската ракометна репрезентација на Македонија го запиша и вториот пораз на меѓународниот „Кроација Куп“, откако загуби од селекцијата на Србија со убедливи 33-21.
Најефикасна во нашиот табор Андреа Седлоска со шест гола, а по три гола постигнаа Ива Младеновска, Сара Ристовска и Јована Саздовска. Кај победничката селекција најдобра беше Анѓела Јањушевиќ со пет постигнати гола.
Ова беше последен тест за нашите ракометарки, кои се подготвуваат за настапот на Европското првенство.
Континенталниот собир го отвораме со натпреварот против Шведска, кој ќе се одигра на 28 ноември во унгарскиот Дебрецин.