Гатузо го одби Торино за да остане во Хајдук

Италијанските медиуми објавија информации за интерес од страна на Торино за аквизиција на Џенаро Гатузо.

Тренерот кој во моментов го води Хајдук нагласи дека е среќен во Сплит и не размислува за заминување. На прес-конференцијата пред мечот со Горица тој доби прашање за интересот од Торино и децидно одговори.

„Мојата иднина е во Хајдук. Со главата и мислите сум комплетно тука. Моментално размислувам само за натпреварот со Горица“, порача Италијанецот.

Торино размислува за тренерска смена, бидејќи тимот е во сериозна резултатска криза под водство на Паоло Ваноли. Во последните десет натпревари во сите натпреварувања Торино загуби осум пати.

Претходно се зборуваше за интерес и од страна на Глазгов Ренџерс за услугите на Гатузо.