Симона Халеп го откажа учеството на Австралија Опен
Симона Халеп, 33-годишната романска тенисерка и некогаш најдобра светска тенисерка, поради повреда се повлече од Австралија опен, првиот Грен слем турнир годинава.
Халеп моментално е 877. тенисерка на ВТА рангирањето, а од организаторите на турнирот во Мелбурн доби покана за настап во квалификациите. Романката го откажа доаѓањето во Мелбурн поради повреда на коленото и рамото што ја добила на почетокот од подготовките за новата тениска сезона.
Во октомври 2022 година, Халеп беше суспендирана на четири години поради позитивен допинг тест, но по жалба казната ѝ беше намалена на девет месеци бидејќи беше утврдено дека намерно не ја земала забранетата супстанца роксадустат. Халеп на крајот на 2017 година беше најдобрата тенисерка на светот, а во кариерата освои вкупно 24 ВТА турнири.
Од тоа, таа двапати победи на Грен слем турнирите, најдобра беше во 2018 година на Ролан Гарос и 2019 година на Вимблдон. На Австралија Опен во 2018 година, играше во финалето кога беше поразена од Данката Каролин Вознијацки. Отвореното првенство на Австралија ќе се одржи од 12 до 26 јануари, а Халеп последен пат играше на Грен слем турнир на УС Опен во 2022 година.