Сабаленка елиминирана во осминафиналето во Дубаи

Клара Таусон го направи најголемото изненадување на турнирот во Дубаи, откако ја елиминираше светската тенисерка број 1, Арина Сабаленка со 6-3, 6-2.
22-годишната тенисерка од Данска доминираше на натпреварот и се пласираше во четвртфиналето на турнирот од серијата 1000 за првпат во кариерата.
Таусон, која е рангирана на 38. место во светот, имаше шест брејка во мечот, водејќи речиси цело време. Победата ја однесе за час и 23 минути игра, а ова и е прв успех во кариерата против најдобрата тенисерка на ВТА листата.
Таа во четвртфиналето ќе се сретне со Линда Носкова (Чешка) која со 6:3, 7:6 (8) ја совлада Џесика Пегула.