Даглас Луиз пак се повреди, нови грижи за Тиаго Мота

Јувентус објави информација за природата на повредата на Даглас Луиз.
Клубот од Торино објави дека на играчот од средниот ред му била дијагностицирана полесна повреда на бицепсниот мускул на левата бутина. Бразилецот се повреди на натпреварот против Каљари (1-0).
Ова е четврта повреда за играчот од средниот ред оваа сезона. Според Џанлука Ди Марцио, Луиз ќе биде надвор од терените околу 15 дена.