Каиседо постави рекорд на жолти картони, се наоѓа пред нова суспензија

Фудбалерот на Челзи, Мојсес Каиседо е под закана од суспензија од два натпревари во Премиер лигата доколку добие уште еден жолт картон во следните натпревари. Еквадорецот беше одличен во дресот на Челзи оваа сезона, но е еден од најнедисциплинирание играчи во лигата.
Имено, тој повторно доби жолт картон синоќа на мечот со Саутемптон и од почетокот на сезоната дури 9 пати беше опоменуван од судиите и санкциониран со жолт картон. Еднаш веќе паузираше на еден меч, а сега по десеттиот жолт картон му се заканува суспензија и од два натпревари.
Ако Каиседо добие жолт картон на следниот меч на домашен терен против Лестер, тој ќе мора пропушти два огромни натпревари против Арсенал и Тотенхем.