Луис-Скели го собори рекордот на Рашфорд

18-годишниот Мајлс Луис-Скели постигна гол на своето деби за Англија во победата од 2-0 над Албанија.
Неговиот гол на „Вембли“ го направи најмладиот дебитант кој некогаш постигнал гол за Англија. Талентот на Арсенал го направи тоа на 18 години и 176 дена, со што го подобри претходниот рекорд на Маркус Рашфорд, кој во мај 2016 година постигна гол против Австралија на своето деби за Англија на возраст од 18 години и 209 дена.
По мечот со Албанија, Мајлс Луис-Скели беше толку емотивен што тешко наоѓаше зборови за да одговори на новинарските прашања.
„Многу сум благодарен на селекторот што ми веруваше. Многу сум среќен, немам зборови“, изјави Мајлс Луис-Скели.