Пелистер доби италијански ривал во квалификациите на ЛШ на ФИБА

Италијанската екипа Реџана од Реџо Емилија ќе биде противник на битолски Пелистер во првиот елиминациски круг од квалификациската група 2 за пласман во групната фаза во ФИБА Лигата на шампиони.
Вака одлучи денешната жрепката во Лозана, со која раководеше поранешниот генерален секретар на Македонската кошаркарска федерација Дејан Лекиќ, кој е актуелен главен човек во натпреварувачкиот сектор на ФИБА Лигата на шампиони.
Доколу Пелистер ја мине првата пречка, во полуфиналето од квалификациите ќе игра против победникот од пресметката меѓу романска ЦСМ Орадеа и белгиски Антверпен.
Пелистер ќе биде единствен претставник на македонската кошарка во европските натпреварувања, а во случај на елиминација во квалификациите за пласман во Лигата на шампиони, речиси е сигурно дека битолскиот тим автоматски ќе ги продолжи настапите во групната фаза од ФИБА Европскиот куп.
Квалификациите за пласман во Лигата на шампиони ќе се играат во септември.