Сер Дејвид Бекам одликуван за витез

Поранешниот капитен на Англија, Дејвид Бекам, официјално е прогласен за витез за неговите заслуги во фудбалот и неговиот придонес во британското општество.
50-годишниот Бекам, кој претходно оваа година, беше на списокот на почести за роденденот на кралот Чарлс, ја прими почеста лично од монархот за време на церемонија одржана во Беркшир.
„Не би можел да бидам погорд“, рече Бекам, „Секој знае колкав патриот сум, ја сакам мојата земја. Секогаш велев колку е важна монархијата за моето семејство. Имав привилегија да патувам низ светот и насекаде луѓето сакаат да зборуваат за нашата монархија. Тоа ме исполнува со гордост“.
Бекам одигра 115 натпревари за репрезентацијата на Англија и беше капитен на „Трите лава“ шест години, помеѓу 2000 и 2006 година.