Бенфика – Реал најзвучен пар од плеј-офот во ЛШ

Во седиштето на УЕФА во Нион денес беше одржана ждрепката за плејоф натпреварите од Лигата на шампионите за сезоната 2025/2026.
Плејоф натпревари за Лигата на шампионите 2025/26:
Борусија Дортмунд (Германија) – Аталанта (Италија)
Олимпијакос (Грција) – Баер (Германија)
Клуб Бриж (Белгија) – Атлетико Мадрид (Шпанија)
Галатасарај (Турција) – Јувентус (Италија)
Монако (Франција) – Пари Сен Жермен (Франција)
Карабаг (Азербејџан) – Њукасл Јунајтед (Англија)
Бодо-Глимт (Норвешка) – Интер (Италија)
Бенфика (Португалија) – Реал Мадрид (Шпанија)
Првите натпревари ќе се играат на 17 и 18 февруари, а реваншите на 24 и 25 февруари. Тимовите кои се рангираат како носители ќе ги играат реванш натпреварите дома. Победниците од плејофот ќе се пласираат во осминафиналето, каде што ќе играат против првите осум клуба од вкупниот пласман.
Ждрепката за оваа фаза е закажана за 27 февруари.