Чиро Имобиле потпиша за Париз

Легендарниот италијански напаѓач, Чиро Имобиле почнува француски предизвик, тој од Болоња се сели во ФК Париз.
Имобиле ќе биде дел од амбициозниот проект на Париз, клуб кој е сосед на многу пославниот ПСЖ, раздалечени се неколку метри.
Трансферот е договорен, останува уште да се формазира и во текот на денот официјално да биде објавен.
Париз претходно сакале да го ангажираат Џеко, но босанскиот напаѓач одлучил да се пресели во Германија.