feature

Милан се распрашува за Бруно Фернандеш

Милан е еден од клубовите заинтересирани за евентуален трансфер на Бруно Фернандеш, откако Португалецот.

Неговите договорни обврски завршуваат на крајот од сезоната, со опција за обновување на уште една година.

Се очекува Милан повторно да биде активен на јануарскиот пазар, но потег за Бруно Фернандеш не е моментално на агендата на црвено-црните.

Наместо тоа, Милан се надева да доведе нов централен дефанзивец, каде што името на Гонкало Инасио е едно од најчесто споменуваните за трансфер кон „Сан Сиро“ во зимскиот период

Третата поставена цел за јануарскиот пазар е доведување на централен напаѓач. Некои од најспоменуваните имиња се Ендрик Фелипе, Николо Трезолди, Ермедин Демировиќ и Пол Менди.


Меси ризикуваше црвен картон, Интер Мајами поразен на стартот на плеј-офот

Интер Мајами доживеа дебакл во првиот осминафинален меч против Колумбус Кру, актуелниот шампион загуби со 0-3, а во центарот на вниманието беше Меси, но не по нешто добро.

Во финишот од првиот дел Меси намерно со топка го удри Тапија во лицето. Еднаш го удри додека ја имаше топката во рацете, а потоа ја фрли силно во него.

За вакво насилно однесување друг фудбалери сигурно ќе добиеше црвен картон, но Меси е главна ѕвезда во МЛС, па Американците не сакаа да го налутат со суспензија за следниот меч кој може да биде клучен за сезоната.


Верстапен победи на ГН на Лас Вегас

Макс Вестапен победи во Лас Вегас, пред возачите на Мекларен Ландо Норис и Оскар Пјастри. Холанѓанецот ја забележа четвртата победа во последните шест трки.

Трката за Големата награда на Лас Вегас, дефинитино беше најнеизвесната и највизбудливата оваа сезона.

Од самиот почеток се водеше голема борба, буквално за секоја позиција на патеката. Верстапен успеа да се одбрани од конкурентите, најмногу од Расел, кој 35 кругови беше зад него.

Ред Бул извојува победа благодарение на различните поставки на болидот на Верстапен.

На крајот Расел доживеа катастрофа, направи грешка во претпоследниот круг и траката ја заврши на деветтото место. Проблеми во финишот, со болидот, имаше светскиот првак, Кими Антонели, кој во неколку свиоци ја загуби втората позиција од Норис и Пјастри.

Посебна приказна се возачите на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер. Иаа дуели на патеката, по првиот Луис доби казна од 10 секунди, а Леклер му „возврати“ во 46 круг. Поради казната Леклер трката не ја заврши како шести, туку како 10-ти.

За обележување и извонредната трка што ја имаше Пјер Гасли, со Алпин го освои петтото место.


Сезонски рекорди на Харден во победата на Кливленд

НБА лигашот Кливленд извојува триумф од 128-119 над гостинскиот тим Индијана, предводен од ветеранот Џејмс Харден, кој постигна 51 поен, најмногу од почетокот на сезоната.

Харден реализираше 15 од 26 шутеви од поле, 7 од 11 тројки и сите 14 слободни фрлања.

Со тоа, 37-годишниот кошаркар на Кливленд дојде до својот 26 натпревар во кариерата на кој постигнал најмалку 50 поени.

Харден е трет на вечната листа што ја предводи легендарниот Вилт Чемберлен, кој во кариерата одигра 118 натпревари на кој постигна 50 или повеќе поени.

Втор на вечната листа е Мајкл Џордан со 31 натпревар. 


Мусиала ризикува предвреме да ја заврши кариерата

Според непотврдени информации што доаѓаат од Минхен, Џамал ​​Мусијала ќе ја заврши својата професионална фудбалска кариера на 23 години.

По синоќешните 20 минути на теренот, на натпреварот против Келн, но и јавното признание за Карл-Хајнц Румениге во врска со неговата континуирана невролошка состојба, пристигнува веста дека дури и медицински експерти го увериле Мусијала дека неговото тело повеќе не може да ги издржи физичките барања на врвниот фудбал.

Очигледно, постои можност во понеделник на „Алијанц Арена“ да се одржи проштална прес-конференција.

Патем, историјата на здравствените проблеми на човекот роден во Штутгарт пред 23 години започна во август 2026 година, кога падна на теренот двапати во четири дена, за време на пријателските натпревари на Баерн против Лајпциг и Хајденхајм.


Албанија го слави првиот триумф во Светскиот Куп во алпско скијање

Албанката Лара Колтури е победничка на вториот слалом во сезоната, одржан во Гургл, Австрија.

Детето на италијански родители, кое го промени спортското државјанство во мај 2022 година, триумфираше пред Швеѓанките Сара Хектор и Ана Свен Ларсон.

Со време од 1:45,47 минути, Колтури ѝ ја донесе на Албанија првата победа во историјата на Светскиот куп, во трка во која најголемата на сите времиња, Микаела Шифрин, повторно не учествуваше.Сара Хектор од седмото место стигна до второто (27 стотинки од секундата), додека Ана Свен Ларсон заврши на третото место (+0,30), откако водеше во првата трка.


МекТоминеј го спаси Алегри, Наполи со минималец слави против Торино

Наполи освои важни три бода во 12. коло од Серија А, откако на домашен терен минимално го совлада Торино со 1-0. Херој на домаќините беше Скот МекТоминеј, кој со спектакуларен погодок во второто полувреме ја обезбеди победата.

Првиот дел донесе израмнета битка, но Наполи беше поопасен пред противничкиот гол. Најголемата можност пред паузата ја имаше Роландо Мандрагора, чиј силен удар од далечина заврши во пречката.

Торино се закани и по одморот, но не успеа да ја искористи својата шанса. Кога се чинеше дека гостите успешно ќе го одолеваат притисокот, на сцена стапи МекТоминеј, кој во 73. минута испрати вистинска „бомба“ од околу 25 метри и погоди за 1-0.

По 12 одиграни кола во Серија А, Наполи се наоѓа на седмата позиција со 18 бодови.


Еспи е спасителот, Реал со судни маки ја победи Селта

Реал Мадрид стигна до важна победа од 2-1 против Селта Виго, иако гостите први ја затресоа мрежата на „Сантијаго Бернабеу“.

Селта приреди изненадување уште на почетокот. Пабло Дуран во шестата минута ја искористи асистенцијата на Вилиот Сведберг и донесе предност за гостинската екипа.

„Кралевите“ имаа можност да израмнат уште пред паузата, но Килијан Мбапе не реализираше удар од белата точка. Притисокот на домаќините продолжи и во второто полувреме, а упорноста конечно се исплатеше во 66. минута, кога Џуд Белингем ја погоди мрежата за 1-1.

Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, на сцена стапи Карлос Еспи. Напаѓачот, кој доби шанса од клупата, во 85. минута го постигна решавачкиот гол и му донесе три бода на Реал.


Нов голем пех за Луис Енрике, Дуе сериозно се повреди

Францускиот шампион ПСЖ може да остане без уште еден важен офанзивец, откако Дезире Дуе заработи сериозна повреда на гостувањето кај Ница.

Младиот француски фудбалер го напушти теренот на носилки во солзи, а првичните прогнози воопшто не се охрабрувачки.

Постои сомнеж за кинење на предните вкрстени лигаменти на десното колено. Доколку се потврди ваквата дијагноза, Дуе би можел да го очекува повеќемесечна пауза.

Ситуацијата потсетува на повредата на Квича Кварацхелија, кој претходно исто така ги скина предните вкрстени лигаменти.


Рафаел Надал стана дел од раководството на Реал Мадрид

Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал и официјално стана член на Управниот одбор на Реал Мадрид. Предлогот за негово вклучување во раководната структура на клубот го поднесе претседателот Флорентино Перез, а членовите на клубот едногласно ја поддржаа кандидатурата.

Надал, кој е голем навивач на Реал Мадрид и почесен член на клубот од 2011 година, ќе добие можност директно да се запознае со внатрешното функционирање и да учествува во управувањето со шпанскиот гигант.

Перез не го криеше задоволството од новиот ангажман на тениската легенда, нагласувајќи дека за Реал Мадрид е вистинска гордост да има личност со таков углед во своите редови.

Надал е еден од најголемите тенисери на сите времиња, со 22 освоени грен-слем титули, а неговото вклучување во раководството претставува уште една потврда за блиските врски со мадридскиот клуб.