feature

Де ла Фуенте селектор на Шпанија до 2030 година

Spain’s coach Luis de la Fuente takes part in a training session on the eve of the EURO 2024 first round group A qualifying football match between Spain and Cyprus at the Nuevo Estadio de Los Carmenes in Granada on September 11, 2023. (Photo by JORGE GUERRERO / AFP) (Photo by JORGE GUERRERO/AFP via Getty Images)

Шпанската фудбалска федерација сака да ја продолжи успешната приказна со Луис де ла Фуенте и веќе започна преговори за продолжување на договорот со селекторот.

Актуелниот договор на 65-годишниот стратег е со важност до 2028 година, но по историскиот успех на Светското првенство, челниците на федерацијата сакаат соработката да продолжи најмалку до 2030 година.

Токму тогаш Шпанија, заедно со Португалија и Мароко, ќе биде домаќин на Мундијалот.

Шпанците веќе гледаат кон Мундијалот во 2030 година, кој ќе има посебно значење за земјата поради улогата на домаќин. Желбата е репрезентацијата да го брани трофејот пред домашната публика, а федерацијата не крие ниту една дополнителна амбиција – финалето да се одигра во Мадрид.


Клеј Томпсон потпиша за Мајами

Клеј Томпсон ја заврши својата кратка епизода во Далас и кариерата ќе ја продолжи во Мајами.

Искусниот шутер постигна договор со Маверикс за раскин на соработката, по што ќе се пресели во редовите на Хит.

Според НБА-инсајдерот Шемс Чаранија, Мајами одамна бил заинтересиран за 36-годишниот кошаркар и сега конечно успеал да го обезбеди неговиот потпис.

Томпсон во Далас пристигна во 2024 година, но по две сезони двете страни решија да ја прекинат соработката. Минатата сезона тој бележеше просек од 11,7 поени, 2,1 скок и 1,4 асистенции за 21,7 минути на натпревар, со 38,3 проценти реализација за три поени.


Повредата е минато, Лазаревски спремен за враќање на терените

Македонскиот ракометен репрезентативец, Милан Лазаревски е подготовен да се врати на терените.

Поради повреда на рамото, вардаровиот пикер беше надвор од терените.

Лазаревски успешно ја заврши рехабилитацијата, на голема среќа не станува збор за нешто посериозно.

Тој поради истиот проблем претходно една година беше надвор од терените.


Караколев го продолжи договорот со штипски Соколи

Соколи Штип продолжува со создавање на на респектабилен ростер.

Во својот состав тренерот Марјан Србиновски го додаде и Никола Караколев, кој ќе ја има улогата на капитен.

„Со своето огромно искуство, лидерски дух и безрезервна борбеност, капитенот Никола Караколев ќе го предводи нашиот нов тим и во претстојната сезона!

Подготвен за новите предизвици и максимално мотивиран, тој ветува дека екипата ќе се бори за секоја топка, секој поен и секоја победа – до самиот крај!

Капитенот и неговите соиграчи ја очекуваат и поддршката од трибините, затоа што најверната публика отсекогаш била и ќе остане нашиот незаменлив шести играч“, се вели во известувањето на Соколи Штип.


Берокал го соопшти списокот за мечот со Австријците

Селекторот на нашата машка кошаркарска репрезентација, Жозеп Марија Берокал, повика 15 играчи за натпреварот со Австрија закажан на 30 август во Виена.Истиот ќе биде од првото коло од групата „Ф“ од втората фаза на квалификациите за Европското во 2029.

Еве го списокот на повикани:
Ненад Димитријевиќ
Виктор Ташовски
Виктор Ефремовски
Војдан Стојановски
Лука Стојановски
Адем Мекиќ
Андреј Јакимовски
Стојан Ѓуроски
Лејсон Зеќири
Валмир Какруки
Резарт Мемед
Тома Стојаноски
Петар Бошалески
Кристијан Николов
Мозес Рајт

Кошаркарите од понеделник ќе се подготвуваат во Скопје пред да заминат на гостувањето под Алпите.


Претседателката Силјановска-Давкова ги поздрави нашите претставници на Игрите во Италија

Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, денеска ќе присуствува на свеченото отворање на Медитеранските Игри во Таранто.

Таа во текот на денов во Олимпиското село се сретна со нашите спортисти, се запозна со членовите на делегацијата и им упати поддршка пред почетокот на натпреварите. Претседателката им пожела успешни настапи и изрази надеж дека со нивната посветеност, борбеност и спортски дух, достоинствено ќе ги претстават нашите бои.

Присуството на Силјановска-Давкова е историски момент за нашиот спорт на Медитеранските игри бидејќи прв пат македонски претседател е дел од големиот регионален настан.


Свечено отворени Медитеранските игри во Таранто

Tаеквондистот Дејан Георгиевски и ракометарката, Леона Миленкоска, го носеа македонското знаме на церемонијата на отворањето на Медитеранските игри во Таранто.

Во наредните денови македонските бои ќе ги бранат спортисти во 19 од вкупно 33 спортови: атлетика, бадминтон, бокс, велосипедизам, коњички спортови, мечување, ритмичка гимнастика, џудо, карате, стрелаштво, пливање, таеквондо, тенис, триатлон и борење – слободен стил, како и женските репрезентации во ракомет и одбојка, машката репрезентација во баскет 3х3 и машката фудбалска репрезентација до 21 година.

На отворањето беше и Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска- Давкова, која во текот на денов оствари средба и со нашите репрезентативци во Италија.


Драконски казни за аргентинските фудбалери по мундијалското финале

ФИФА донесе одлука по големиот хаос што следеше по финалето на Светското првенство во 2026 година меѓу Шпанија и Аргентина.

Најстрого е казнет Леандро Паредес од Аргентина со дури десет натпревари. Нахуел Молина доби суспензија од седум а Тијаго Алмада нема да може да ги игра на два меча „гаучосите“. Помошникот селектор на Аргентина, Роберто Ајала, беше суспендиран на три натпревари.

Аргентинската фудбалска асоцијација исто така беше казнета со 250.000 евра за неколкуте инциденти за време на Светското првенство.


Жоао Педро добива нов договор од Челзи

Фудбалерот на Челзи, Жоао Педро, ќе потпише нов договор со до 2032 година, со можност за продолжување на соработката за уште две години, објавија британските медиуми.

24-годишниот бразилски напаѓач му се придружи на тимот од „Стемфорд Бриџ“ минатото лето од Брајтон за 55 милиони фунти со дополнителни пет милиони бонуси.

„Кога потпиша, клубот соопшти дека договорот траел до 2033 година, но договорот бил до 2032 година со опција за продолжување за уште една година“, објави Би-Би-Си.

Челзи обично вклучува клупски опции кога ја наведува должината на договорот на играчот во официјалните соопштенија.

Затоа, кога ќе се потврди новиот договор на Педро, најверојатно ќе се објави дека тој е под договор до 2034 година, иако самиот договор трае до 2032 година, со дополнителна опција за продолжување на дополнителни две години.

Всушност, Челзи го продолжи неговиот договор со подобрени услови.


Паредес казнет со 10 меча по мундијалското финале

epa13121616 Leandro Paredes of Argentina (C) pushes Eric Garcia of Spain after the FIFA World Cup 2026 final match Spain against Argentina, in East Rutherford, New Jersey, USA, 19 July 2026. EPA/WILL OLIVER

ФИФА ги одреди казните за инцидентите по финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија.

Играчот од средниот ред на Аргентина, Леандро Паредес ќе отсуствува 10 натпревари, по инцидентот со шпанските играчи по финалето на Мундијалот во САД, Мексико и Канада, одлучи дисциплинската комисија на ФИФА.

Покрај Паредес, суспендиран е и неговиот соиграч Нахуел Молина кој доби седум натпревари суспензија, додека помошникот тренер Роберто Ајала беше суспендиран на три меча.

Дисциплинската комисија на ФИФА го истражуваше случајот, откако по последниот свиреж, Паредес, Молина и Ајала се пресметувале со играчи на Шпанија, особено Гави кој беше вклучен во инцидентот.