feature

Ден Берн хоспитализиран заради проблеми со дишењето

Менаџерот на фудбалерите на Њукасл, Еди Хау, потврди дека дефанзивецот, Ден Берн, има потешка повреда и дека ќе мора да отсуствува подолг период од фудбалските терени.

Играчот на „враните“ скрши ребро и се здоби со пункција на белите дробови кога доби удар од противничкиот играч, Норди Мукеле, на мечот со Сандерленд.

Хау, објави дека централниот стопер на полувремето бил однесен во болница откако имал потешкотии со дишењето.


Сабаленка е тенисерка на годината според ВТА

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е прогласена за играч на годината на ВТА, откако цела 2025 година ја помина на врвот на ранг-листата, објави водечката женска тениска организација.

Тенисерката број еден во светот е прогласена за најдобра втора година по ред, со што стана трета тенисерка во последните 15 години што ја освоила наградата повеќе од еднаш. Таа славеше со речиси 80% од гласовите на меѓународните тениски новинари.

Во текот на оваа година, Белорусинката освои четири турнири, вклучувајќи го и Отвореното првенство на САД, играше во девет финални мечеви, оствари 63 победи и постави нов рекорд во наградниот фонд во една сезона, заработи 15 милиони долари.

Сезоната заврши со 63 победи и 12 порази.

Чехинката Катерина Сињакова и Американката Тејлор Таунсенд беа прогласени за најдобар пар откако го освоија Отвореното првенство на Австралија и стигнаа до финалето на Отвореното првенство на САД. Тенисерката која најмногу напредуваше е Американката Аманда Анисимова.

Американката стигна до пет финалиња, освојувајќи ги првите ВТА 1000 титули во кариерата во Доха и Пекинг, а стигна и до своите први финалиња на Гренд слем турнирите на Вимблдон и на Отвореното првенство на САД.


ПАОК го сака Жељко Обрадовиќ на клупата

Новиот сопственик на ПАОК, грчкиот милијардер Аристотелис Мистакидис, ја отвора најамбициозната ера во модерната историја на клубот.

Со инвестиција од 12 милиони евра и јасен план за враќање на славата, тој сака Солун повторно да стане центар на европската кошарка, и тоа под водство на легендарниот тренер Жељко Обрадовиќ.

Обрадовиќ кој неодамна си замина од српски Партизан, и покрај негодувањата на фановите и на српската спортска јавноста, се чини дека влегува во нова етапа од кариерата.

Бизнисменот Мистакидис, кој поседува 60,8 % од акциите на ПАОК, започна сериозна реконструкција на клубот, од управата и инфраструктурата до создавање тим способен за настап во Евролигата. Тој веќе го зголеми акционерскиот капитал со највисока поединечна инвестиција во историјата на клубот.

Желбата на Мистакидис е Обрадовиќ да седне на клупата на ПАОК, потег што грчките медиуми го опишуваат како „сон што може да го промени лицето на грчката кошарка“.


Мобли се повреди, ќе отсуствува 2-4 недели

Кошаркарот на Кливленд кавалирс, Еван Мобли, ќе отсуствува од 2-4 недели поради повреда на левата нога, објави клубот од НБА-лигата.

Дваесет и четиригодишниот Американец повреди мускул на левата потколеница во победата над Вашингтон со 130:126.

Мобли одигра 25 натпревари во сезоната 2025/26 и има просек од 19,1 поени, 9,3 скока, 4,1 асистенции, 1 украдена топка и 1,6 блокади.

Кливленд е шести во поредокот во Источната конференција на НБА-лигата со 15 победи и 11 порази по 26 одиграни средби.


Трилер со осум голови: Рекордот на Јунајтед преживеа бура од Борнмут

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија вистинска премиерлигашка класика на Олд Трафорд, одигрувајќи возбудливо реми од 4-4 синоќа. Осум различни стрелци, драматични пресврти и тензија до последниот свиреж го одбележаа натпреварот кој ја зачува импресивната домашна серија на „Црвените Ѓаволи“.

Јунајтед силно го отвори натпреварот и поведе во 13. минута, кога Амад Дијало со глава погоди по центаршутот на Диого Далот, откако голманот Џорџе Петрович претходно го одбрани шутот на Матеус Куња. Борнмут израмни во 40. минута преку Антоан Семенјо, кој казни лошо додавање на Лук Шоу, но домаќините сепак заминаа на пауза со предност. Касемиро погоди со глава по корнерот на Бруно Фернандеш во судиското надополнување.

Контроверзен момент донесе воздушниот дуел меѓу Семенјо и Далот, по кој гостинскиот напаѓач накратко го фати противникот за врат. Иако имаше барања за црвен картон, судијата Сајмон Купер покажа жолти картони на двајцата, одлука што многу фанови мислат дека беше неисправна

Борнмут фуриозно влезе во вториот дел. Само 38 секунди по почетокот, Еванилсон реализираше по асистенција на Маркус Таверниер, а во 52. минута токму Таверниер погоди од слободен удар, изненадувајќи го голманот Сене Ламенс.

Јунајтед одговори во финишот. Бруно Фернандеш со мајсторски слободен удар во 77. минута израмни, а само две минути подоцна Куња ја искористи мешаницата по центаршутот на Бенјамин Шешко за 4-3. Сепак, драмата не заврши тука. Резервата, Ели Жуниор Крупи во 84. минута донесе ново израмнување за Борнмут по продорот на Алекс Хименес.

Во судиското надополнување, Ламенс со две одлични интервенции против Дејвид Брукс го сочува бодот за Јунајтед.

Иако уште еднаш не успеа да ја задржи предноста, Манчестер Јунајтед ја продолжи неверојатната серија на Олд Трафорд во Премиер Лигата: 388 натпревари без пораз кога водел на полувреме (355 победи и 33 нерешени). Ова беше 34-ти ваков реми во таа низа.

Екипата на Рубен Аморим покажа офанзивен квалитет со девет удари во рамките на голот, но честите дефанзивни пропусти останаа причина за загриженост. Борнмут, и покрај седум натпревари без победа, се искачи на 13. место, а четирите погодоци беа доказ за борбеноста на тимот на Андони Ираола.


Османи: Разочарани од полусезоната, мораме да влеземе покомплетни во продолжението

Шкупи доживува една од најтешките сезони во елитниот домашен фудбал. Тимот од Чаир е закован на последното место на табелата со само еден освоен бод по 16 одиграни кола во првата лига.

„За нас како клуб, оваа полусезона беше разочарувачка и тешка. ФК Шкупи и нашите навивачи не ја заслужуваат оваа ситуација. Сепак, се надеваме дека ќе започнеме со нова енергија и поголема сила за да ги вратиме резултатите и гордоста што овој клуб ги заслужува“, изјави на почетокот Минaс Османи, актуелниот тренер на Шкупи.

Тренерот Османи верува дека Шкупи ќе реагира на јануарскиот трансфер пазар и ќе донесе квалитетни фудбалери за да излезе од опасната зона.

„Максимално сме фокусирани прво да го отвориме преодниот рок. Се надеваме дека ќе успееме да донесеме неколку квалитетни играчи кои ќе го засилат тимот во оние делови каде што ни е најпотребно. Што се однесува до играчите кои веќе ги имаме во тимот, ќе имаме индивидуални разговори со секој од нив и заедно ќе ги процениме понатамошните чекори“.

Минaс Османи нагласува дека главната цел на Шкупи е опстанок во елитниот домашен фудбал.

„Нашата цел е Шкупи да влезе во вториот дел од сезоната што е можно покомплетен и поконкурентен“, заклучи тренерот Минaс Османи.

Првиот натпревар во пролетниот дел од сезоната, Шкупи ќе го игра на гости, на 15 февруари 2026 година, на теренот на Македонија Ѓ.П.


Тиаго Силва се збогува со Флуминензе и се враќа во Европа

Иако минатото лето се чинеше дека ќе стави крај на својата богата кариера во Флуминензе, Тијаго Силва ги промени своите планови.

Легендарниот бразилски стопер, по 15 години поминати во европскиот фудбал, се врати во својата татковина со идеја да се пензионира по шест месеци. Тој дел од планот сè уште стои – но каде ќе заврши кариерата веќе не е сигурно.

Имено, Силва сериозно размислува за враќање во Европа, веќе во текот на претстојната зима. Главната причина е Светското првенство во 2026 година.

Искусниот дефанзивец сака да го импресионира селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и верува дека играњето во европскиот фудбал, дури и ако тоа се само неколку месеци, значително би ги зголемило неговите шанси да биде во составот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Заедно со спортските, постојат и приватни причини. Семејството на Силва моментално живее во Лондон – сопругата и децата останаа во Англија бидејќи најмалите се дел од академијата на Челзи – што дополнително ја поттикнува идејата за враќање на Стариот континент.

Ситуацијата во Флуминензе, исто така, придонесе за пресвртот. Клубот беше елиминиран од Купот на Бразил откако беше поразен од Васко де Гама, во Серија А го освои петтото место, а сега се очекува да настапи во првенството на Кариока, што не претставува предизвик што Силва го бара на крајот од кариерата.

Силва веќе се збогува со своите соиграчи во соблекувалната по испаѓањето од купот, што дополнително ги разгоре шпекулациите.


Спектакл од осум гола и реми на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед и Бортнумт приредија спектакл за крај на 16-то коло во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 4-4 (2-1). Јунајтед на табелата се во групата тимови со 26 поени, распоредени од петтото до осмото место, додека Бортмут со 21 бод се наоѓа на 13-та позиција.

Тешко е да се опшише што се се случуваша на „Олд Трафорд“, Јунајтед водеше 1-0 (Диало) и 2-1 (Касемиро) по првиот дел. Борнмут со блиц криг на почетокот на второто полувреме направи пресврт и поведе 2-3 (Еванилсон и Таверние).

На ист начин возратија фудбалерите на Јунајтед во 77-та и 80-та минута кога ја вратија предноста (3-4), стрелци Бруно и Куња, а точка на спектакуларниот меч стави Крупи во 84-та минута.


Нојер се повреди, се враќа во 2026 година

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер поради повреда на бутниот мускул ќе го пропушти следниот натпревар од Бундес лигата (15.коло) против Хајденхајм, соопшти баварскиот клуб.

Ноер се повреди на неделниот дуел против Мајнц, што заврши 2-2.

По денешните лекарски прегледи е потврдена повредата на голманот, кој ќе мора да паузира на натпреварот што е на програмата на 21 декември.

Клубот од Минхен не соопшти колку ќе паузира искусниот голман, но германските медиуми тврдат дека Ноер ќе застане на голот на Баерн за дуелот од 16.коло против Волфсбург што е на програмата на 11 јануари следната година.


Винициус и Чаби Алонсо незадоволни од судењето во Виторија

Играчот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор беше во центарот на вниманието на дуелот Алавес – Реал Мадрид. Бразилецот смета дека тој и неговиот клуб беа оштетени бидејќи не им беше досуден пенал од страна на судијата Гарсија.

На негова страна беше и неговиот тренер Чаби Алонсо (не се во добри односи), кој изјави дека ситуацијата била чист пенал, а на тоа Бразилецот надополнил дека не бил досуден дека фаулот бил направен над него.

„Кралскиот клуб“ со многу мака стигна до победата (2:1) во дуелот со Алавес, а формата на Винисиус и натаму е променлива.