feature

Македонската карате репрезентација со 72 натпреварувачи на Балканското првенство за К, Ј и У21 во Истанбул

Македонската карате репрезентација учествува на Балканското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У21), кое се одржува од 6 до 8 ноември 2026 година во Истанбул, Република Турција. На ова значајно регионално натпреварување, Карате Федерацијата на РС Македонија е претставена со вкупно 72 натпреварувачи, кои настапуваат во дисциплините кати и кумите, во индивидуална и екипна конкуренција. Според официјалните пријави, македонските репрезентативци се пријавени за вкупно 77 натпреварувачки настапи, и тоа: – 14 пријави во дисциплината кати; – 58 пријави во дисциплината индивидуални борби – кумите; – 5 екипни настапи во дисциплината кумите, во следните категории: – Кадети – женски; – Кадети – машки; – Јуниори – машки; – У21 – машки; – У21 – женски. Досегашни резултати на македонските репрезентативци По досега одржаните натпреварувачки денови, македонските каратисти веќе забележаа значајни резултати и обезбедија пласмани во завршницата на повеќе категории. Особено успешен настап бележат нашите репрезентативци во дисциплината кадети – кумите до 57 килограми, каде што Мерван Мемеди и Кирил Цветковски успеаја да се пласираат во борбите за бронзениот медал. На крајот Кирил Цветковски успеа да извојува победа и да го освои првиот бронзен медал за македонската репрезентација. Во истата конкуренција, Азем Аземи и Рон Билјали не успеаја да извојуваат победа во борбите за бронзениот медал, па двајцата го освоија петтото место. Одличен резултат постигна и Недим Шаќири, кој со успешните настапи успеа да се избори за пласман во финалето каде го освои златниот медал. Честитки за Недим! Цветан Маргаритов во категоријата У21 до 60кг успеа да се избори за бронзен медал со резултат од 3-1 против натпреварувачи Исмаил Дидиќ од БиХ, додека Вукашин Стојановиќ исто така се бори за место на победничкиот подиум. Дополнително, Арбер Пајазити успеа да се пласира во репасажот, од каде што ќе се обиде да обезбеди настап во борбата за бронзениот медал. Финале избори и Иса Елмази. Овие резултати се потврда за квалитетот, посветеноста и натпреварувачкиот потенцијал на нашите млади каратисти, кои достојно ја претставуваат државата на ова балканско првенство.

Балканското првенство продолжува со натпреварите во преостанатите категории, а македонските репрезентативци ќе имаат можност да се борат за нови медали и високи пласмани. Свечено отворање на првенството Во текот на денешниот ден се одржа и церемонијата на свеченото отворање на првенството, на која свои поздравни обраќања имаа претседателот на Балканската карате федерација, г-дин Давор Ципек, генералниот секретар на Балканската карате федерација, г-дин Славољуб Пипер, како и домаќинот на ова првенство, претседателот на Турската карате федерација, г-дин Ерчумент Ташдемир. Во рамките на свеченоста, на претседателот на Карате федерацијата на Македонија, г-дин Дејан Чолески, му беше врачена плакета за заслуги, како признание за неговиот придонес и ангажман во развојот и афирмацијата на каратето. Карате Федерацијата на РС Македонија им посакува многу успех на сите наши репрезентативци и достоинствено претставување на државата.


Ламин Јамал ќе го скокне мечот со Чешка

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, се соочува со кадровски проблеми пред гостувањето кај Чешка во Лигата на нации, бидејќи нема да може да смета на Ламин Јамал и Микел Ојаразабал.

Младата ѕвезда на Барселона се пожалил на болки во десното колено по победата од 2:1 над Атлетико Мадрид, додека напаѓачот на Реал Сосиедад има проблеми со воспаление на крајниците.

Поради здравствените проблеми, двајцата фудбалери ќе му се приклучат на националниот тим подоцна од предвиденото, па сигурно ќе го пропуштат дуелот со Чешка во четврток. Сепак, според најавите, се очекува да бидат подготвени за следниот предизвик, неделниот натпревар против Англија, кој Шпанците ќе го одиграат пред своите навивачи.

Проблемите за Де ла Фуенте не завршија тука. Шпанскиот селектор мораше да направи уште една промена во списокот по повредата на крилниот напаѓач на Реал Сосиедад, Андер Баренечеа. Неговото место во репрезентацијата ќе го заземе Хорхе де Фрутос од Рајо Ваљекано, кој доби дополнителен повик за претстојните репрезентативни обврски.

Силни болки во зглобовите? Направете го ова штом ќе се разбудите
Nautubone

Surprisingly Overpriced: Melania Trump’s Most Expensive Dress
Zestradar

The Hottest Orange Is The New Black Moments We Still Can’t Forget
Zestradar


Најдобрите фудбалери на собир пред дуелите со Шкотска и со Словенија

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги започна подготовките за завршните искушенија во Б-дивизијата од Лигата на нации.

Пред нас се последните два дуели – гостувањето кај Шкотска во петок и пресметката со Словенија дома три дена подоцна.

​Селекторот Гоце Седлоски изврши одредени ротации во составот, со јасна цел: конечно да се стави крај на црната серија и да се дојде до првите бодови и голови во ова издание.

По подолг период од списокот е изоставен Бојан Миовски, за кој селекторот процени дека поради слабата клупска минутажа моментално не е во оптимален ритам. Прв премиерен повик во сениорскиот дрес доби Марко Ѓорѓиевски од Шкендија, а има и неколку повратници во националниот тим.


Капинковски го објави списокот со повикани фудбалери за новите квалификации

Младата репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 9 до 17 ноември ќе биде домаќин на натпреварите од вториот квалификациски круг за пласман на Европското првенство 2027.

Избраниците на селекторот Димитар Капинковски ќе ги одмерат силите со репрезентациите на Северна Ирска, Словенија и Малта, а сите натпревари ќе се одиграат во Турново и Струмица, со почеток во 13:00 часот.

Македонија квалификацискиот турнир го отвора на 11 ноември против Северна Ирска на стадионот „Кукуш“ во Турново. Три дена подоцна, на 14 ноември, нашите млади фудбалери ќе се соочат со Словенија, додека последниот натпревар од групната фаза ќе го одиграат на 17 ноември против Малта.

Селекторот Димитар Капинковски за претстојниот квалификациски турнир се одлучи за список од 21 фудбалер.

Голмани: Александар Трајковски (Брера Струмица), Павел Грбевски (Тетекс), Бесјан Алију (Башкими).

Одбрана: Албан Рочи (Струга Трим Лум), Христијан Маркоски (Келн, Германија), Матео Кесик (Јединство), Мухамед Мустафи (Сент Гален, Швајцарија), Филип Цветковски (Вардар), Анес Абдурахмани (Шкендија).

Среден ред: Габриел Талески, Бојан Велков и Иван Танчев (Брера Струмица), Лорен Жаку (Билиш, Албанија), Александар Грашевски (Динамо Загреб, Хрватска), Лавдрим Касами (Умраниеспор, Турција).

Напад: Мухамед Куртиши (Раперсвил-Јона, Швајцарија), Јован Мрмачовски (Пелистер), Јаков Стојковски (Падерборн, Германија), Јордан Дамевски (Арка, Норвешка), Дитмир Хоџа (Лидс Јунајтед, Англија), Антиан Емини (Кожуф).

Целта на македонската селекција е да го освои првото место во групата и да обезбеди пласман во Лига А за третиот квалификациски круг, со што ќе остане во трка за настап на завршниот турнир на Европското првенство 2027.


Рибакина ќе го скокне завршниот Мастерс

Рибакина се повлече од завршниот Мастерс

Елена Рибакина нема да биде дел од завршниот Мастерс во Индијан Велс, откако најдобрата тенисерка во светот одлучи да се повлече поради физичка неподготвеност.

Нејзиното место во конкуренција на осумте тенисерки ќе го заземе Украинката Марта Костјук.

„Ова беше неверојатна сезона за мене, но во моментов моето тело не е подготвено за натпреварување. Ќе поминам извесно време дома, одморајќи се и опоравувајќи се, за што подобро да ја дочекам сезоната 2027“, порача Рибакина.

Со нејзиното повлекување, првата носителка на турнирот ќе биде Белорусинката Арина Сабаленка, која ќе настапува во групата Б заедно со Елина Свитолина, Мира Андреева и Каролина Мухова.

Во групата А ќе се натпреваруваат Марта Костјук, Линда Носкова, Џесика Пегула и Коко Гоф.


Облак: Стигна казна за нашите нереализирани шанси

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, смета дека пропуштените гол-шанси биле клучната причина за поразот од Барселона со 2:1, во дербито од 12. коло во шпанската Ла Лига. Словенечкиот репрезентативец истакна дека неговиот тим одиграл одлично во првото полувреме, но не успеал да ја искористи иницијативата и да замине на пауза со предност.

„Не успеавме да ги искористиме шансите што ги создадовме. Екипи како Барселона не простуваат такви грешки. Потоа го постигнаа и вториот гол, па работата стана многу потешка“, изјави Облак по натпреварот.

Тој нагласи дека Атлетико бил многу добар во првите 45 минути, но дека не успеал да ја претвори добрата игра во резултатска предност. Поразот дополнително ја прекина серијата од седум последователни победи на мадридскиот тим. Со оваа победа Барселона ја задржа лидерската позиција во Ла Лига и предноста од три бода пред Реал Мадрид, додека Атлетико остана трет, со пет бода помалку од каталонскиот ривал.


Нојер пак се повреди, нема да брани до крајот на годината

Фудбалскиот состав, Баерн Минхен, објави дека првиот голман, Мануер Нојер, заработил потешка повреда на вчерашниот меч со Мајнц во Бундес-лигата и дека ќе мора да паузира извесен период.

Лекарскиот преглед покажа делумно кинење на тетива на десното стапало на 40-годишниот чувар на мрежата.

Во денешната официјална објава на Баварците не се прецизира точниот временски период за закрепнување на германскиот голман.


Сасуоло пред разделба со тренерот Аквилани

Медиумите во Италија наведуваат дека Сасуоло по вчерашниот пораз од Рома во Серија „А“, сака да се раздели со тренерот, Алберто Аквилани.

Екипата влезе во катастрофална серија од пет последователни порази и се наоѓа на 17-то место веднаш пред зоната за испаѓање. Сасуоло има само две победи, две нерешени средби и седум порази. Згора на тоа на 11 мечеви прими дури 29 голови.

Како потенцијални наследници на 43-годишниот Аквилани се споменуваат Роберто Д’Аверка и Винченцо Монтела.


Томас Франк пред промоција на клупата на Кристал Палас

Поранешниот тренер на Тотенхем и Брентфорд, Томас Франк се споменува како главен кандидат за преземање на кормилото на Кристал Палас. Неговото искуство во Премиер-лигата и добрата работа во Брентфорд го прават сериозен кандидат за оваа функција.

Кристал Палас, кој по поразот од Ливерпул (1:3) се најде на дното на премиерлигашката табела, сериозно размислува за тренерска промена. Франк е без ангажман по отказот во Тотенхем во февруари, а во Брентфорд остави одличен впечаток, водејќи го клубот од Чемпионшип до Премиер-лигата.

Сепак, конечната одлука зависи од тоа дали раководството ќе му врачи отказ на актуелниот тренер Пјер Саж.


Познати се учесниците на завршниот турнир во Торино кај тенисерите

Комплетиран е списокот на осумте тенисери кои ќе се борат за трофејот на завршниот АТП турнир во Торино.

Последните дилеми беа разрешени по четвртфиналните натпревари на Мастерсот во Париз, каде што беше познат и последниот патник.

Местото го обезбеди Шпанецот Рафаел Ходар, кому му одеше во прилог победата на Карлос Алкараз над Тејлор Фриц. Американскиот тенисер имаше можност да се најде меѓу најдобрите осум, но поразот од сонародникот го остави без настап во Торино.

Покрај Ходар, на завршниот турнир ќе учествуваат Александер Зверев, Карлос Алкарас, Бен Шелтон, Данил Медведев, Флавио Коболи, Артур Фис и Френсис Тијафо. Во улога на резерви ќе бидат Алекс де Минор и Тејлор Фриц.

Натпреварувањето во Торино ќе се игра од 15 до 22 ноември, додека ждрепката за групната фаза е закажана за 12 ноември.