фудбал

Хаџиевски фаворит за клупата на Локомотив Софија

Поранешниот селектор на Македонија и еден од најтрофејните тренери од нашата земја, Ѓоко Хаџиевски е најсериозен кандидат за нов тренер на Локомотив Софија, кој остана без шеф на стручниот штаб по разделбата со Љубослав Пенев.

Според бугарските медиуми, македонскиот стратег се очекува денеска да пристигне во Софија, каде треба да ги заврши преговорите со раководството на клубот и да потпише договор.

Како можна алтернатива се споменувал и Душан Косиќ, актуелниот тренер на Локомотив Пловдив, но преговорите за негов ангажман не успеале поради финансиските барања.

Хаџиевски последен пат го предводеше Спартак Варна, од каде си замина набргу по почетокот на сезоната. Во кариерата има искуство во бугарскиот фудбал, каде претходно работеше и во ЦСКА Софија.

Доколку договорот биде реализиран, Хаџиевски ќе добие нов предизвик во бугарската Прва лига.


ФИФПРО го представи тимот на годината

ФИФПРО го објави тимот на годината, и тоа изгласан од членовите на светски познатиот синдикат.

ФИФПРО е фудбалско тело кое ги застапува интересите на 70 илјади фудбалери ширум светот, а како организација која функционира како глобален синдикат, редовно учествува во носењето на новите фудбалски правила, но и во избори кога се прашање најдобрите во светот.

Тимот на годината: Раја (Арсенал), Мендеш (ПСЖ), Хакими (ПСЖ), Кубарси (Барселона) Витиња (ПСЖ), Родри (Барселона), Белингам (Реал Мадрид), Јамал (Барселона), Мбапе (Реал Мадрид), Меси (Интер Мајами) и Халанд (Манчестер Сити).


Керик ќе добие отказ, Јунајтед бара нов менаџер

Според ексклузивните информации на реномираниот новинар Дејвид Орнстин од „The Athletic“, раководството на клубот на Манчестер Јунајтед од „Олд Трафорд“ веќе ја подготвува смената на англискиот стратег по очајните резултати во тековната кампања.

Очекувањата се дека промената на менаџерската позиција ќе се реализира за време на тековната интернационална пауза, со цел новиот предводник да биде на клупата пред тешкото гостување кај Ливерпул на „Енфилд“ кое е закажано за 13 дена.

Меѓу главните кандидати за наследник на Керик високо котира актуелниот селектор на САД, Маурисио Покетино.

Клубот исто така има високо мислење за поранешниот менаџер на Њукасл, Еди Хау, како и за поранешниот германски селектор Јулијан Нагелсман.

Конечниот збор и официјалното одобрување на смената ќе треба да дојде од косопственикот Сер Џим Ретклиф (INEOS) и мнозинските сопственици, семејството Глејзер.


Зидан повика фудбалер од Лига 2 во националниот тим

Селекторот на Франција, Зинедин Зидан, направи вистинско изненадување со дополнителното име кое го придодаде во својот список, откако реши да повика фудбалер кој се натпреварува во второлигашка конкуренција.

Сел Кумбеди е млад 21-годишен десен бек кој настапува за Волфсбург во втората германска Бундеслига, а иако беше повикан да биде дел од У-21 тимот на Франција, денеска доби дополнителен повик за да го замени повредениот дефанзивец на Јувентус, Пјер Калулу.

Кумбеди е првиот второлигашки фудбалер кој добива повик за најсилната француска репрезентација по пауза од речиси две децении, бидејќи последен пат такво нешто се случило во 2007-ма година со повиците кои ги добија Давид Трезеге и Жан-Ален Бумсонг.


Пау Кубарси е „Златно момче“ за 2026 година

Фудбалерот на Барселона, Пау Кубарси, ја доби наградата „Златно момче“ два месеци пред неговиот 20-ти роденден.

Кубарси беше еден од клучните играчи во триумфот на Шпанија на Светското првенство, освојувајќи ја наградата за најдобар млад играч на турнирот. Исто така, тој беше еден од предводниците на Барселона до титулата во Ла Лига.

Наградата „Златно момче“ ја доделуваат новинарите на најдобриот млад играч во една календарска година. Мора да имаат помалку од 21 година и да играат во една од најсилните лиги.

„Многу сум горд што ја добив наградата и им се заблагодарувам на сите што гласаа за мене“, рече Кубарси во видео емитувано од „Тутоспорт“.

Тој е првиот дефанзивец што ја освоил наградата по Матијс де Лихт во 2018 година и само втор откако наградата беше воведена во 2003 година.

„На дефанзивците им е потешко да добијат признание… Ние сме помалку во центарот на вниманието“, изјави Кубарси за Ројтерс.

На патот до светската титула, Шпанија прими само еден гол на турнирот, а Кубарси тргна по стапките на соиграчите Ламин Џамал, Гави и Педри.

Фудбалерката на Реал Мадрид и Шведска, Фелиција Шредер, ја освои наградата „Златна девојка“.


Де Брујне заминува од Наполи пред истекот на договорот

Репрезентативецот на Белгија, Кевин де Брујне, со голема веројатност ќе го напупти Наполи.

Белгиецот пристигна на голема врата во Неапол, но со текот на времето неговиот статус се менуваше во клубот. Атмосферата во соблекувалната не изгледа ни приближно каква што треба да биде.

Де Брујне е во „војна“ со некои соиграчи, што очигледно придонесува за резултатите.

Неговиот конфликт со Лоренцо Лука за време на натпреварот од Лигата на шампионите против Порто, одекна во јавноста, но, според италијанските медиуми, тоа не беше изолиран инцидент.

Покрај тоа, Де Брујне не е во најдобри односи со напаѓачот Расмус Хојлунд, ниту со капитенот Џовани Ди Лоренцо.

Резултатите од оваа сезона се лоши, очигледно е дека нешто мора да се промени.

Управата на клубот сериозно размислува да се раздели со него овој зимски преоден рок, иако има договор до крајот на тековната сезона.


Раул Гонзалез е нов тренер на Овиедо

Легендарниот поранешен фудбалер на Реал Мадрид и шпански репрезентативец, Раул Гонзалез, има нов предизвик во тренерската кариера. Шпанскиот стратег е назначен за нов тренер на Овиедо, клуб кој се натпреварува во второто по ранг натпреварување во Шпанија.

Раул ќе седне на клупата на тимот кој моментално се наоѓа на деветтото место на табелата. Тој доаѓа на местото на Хулијан Калера, кој доби отказ по 13 одиграни првенствени кола.

За поранешниот капитен на „кралевите“ ова ќе биде нов чекор во тренерската кариера, која досега беше тесно поврзана со неговиот матичен клуб. Раул работеше во младинската академија на Реал Мадрид, а од 2019 до 2025 година го предводеше вториот тим, Реал Мадрид Кастиља.

Новиот предизвик за 49-годишниот стратег започнува веднаш, бидејќи дебито на клупата на Овиедо го очекува веќе во сабота, кога неговиот тим ќе ги одмери силите со Џирона.

Од Раул сега се очекува да донесе нова енергија во екипата и да ги подобри резултатите во продолжението од сезоната.


Алисон добива нов договор со Ливерпул

Еден од најдобрите голмани на денешницата, Алисон Бекер, изјави дека сака да потпише нов договор со Ливерпул.

Во текот на летниот преоден рок, клубот ја продолжи соработката со неколку фудбалери, но уште двајца изрази желба да останат на „Енфилд“. Тоа се Алексис Алексис Мекалистер и Алисон Бекер.

„Да, сакам да останам. Тоа е во мојата глава. Фокусиран сум на секој натпревар и би бил среќен да останам“, рече Алисон.

Во Ливерпул дојде од Рома во 2018 година и веднаш во првата сезона стана еден од најважните играчи.

Во меѓувреме, освои две Премиер лиги, првите од 1990 година, и од таа гледна точка, може безбедно да се каже дека тој веќе стана една од легендите на клубот. Со Ливерпул ја освои и Лигата на шампиони. Но, дали ова е доволно за да добие нов договор?

„Зависи од многу аспекти. Но, мојата желба е да останам. И моето семејство е среќно во Ливерпул. Гладен сум за трофеи и титули и сè уште сакам да бранам на највисоко ниво“.


Ламин Јамал ќе го скокне мечот со Чешка

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, се соочува со кадровски проблеми пред гостувањето кај Чешка во Лигата на нации, бидејќи нема да може да смета на Ламин Јамал и Микел Ојаразабал.

Младата ѕвезда на Барселона се пожалил на болки во десното колено по победата од 2:1 над Атлетико Мадрид, додека напаѓачот на Реал Сосиедад има проблеми со воспаление на крајниците.

Поради здравствените проблеми, двајцата фудбалери ќе му се приклучат на националниот тим подоцна од предвиденото, па сигурно ќе го пропуштат дуелот со Чешка во четврток. Сепак, според најавите, се очекува да бидат подготвени за следниот предизвик, неделниот натпревар против Англија, кој Шпанците ќе го одиграат пред своите навивачи.

Проблемите за Де ла Фуенте не завршија тука. Шпанскиот селектор мораше да направи уште една промена во списокот по повредата на крилниот напаѓач на Реал Сосиедад, Андер Баренечеа. Неговото место во репрезентацијата ќе го заземе Хорхе де Фрутос од Рајо Ваљекано, кој доби дополнителен повик за претстојните репрезентативни обврски.

Силни болки во зглобовите? Направете го ова штом ќе се разбудите
Nautubone

Surprisingly Overpriced: Melania Trump’s Most Expensive Dress
Zestradar

The Hottest Orange Is The New Black Moments We Still Can’t Forget
Zestradar


Најдобрите фудбалери на собир пред дуелите со Шкотска и со Словенија

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги започна подготовките за завршните искушенија во Б-дивизијата од Лигата на нации.

Пред нас се последните два дуели – гостувањето кај Шкотска во петок и пресметката со Словенија дома три дена подоцна.

​Селекторот Гоце Седлоски изврши одредени ротации во составот, со јасна цел: конечно да се стави крај на црната серија и да се дојде до првите бодови и голови во ова издание.

По подолг период од списокот е изоставен Бојан Миовски, за кој селекторот процени дека поради слабата клупска минутажа моментално не е во оптимален ритам. Прв премиерен повик во сениорскиот дрес доби Марко Ѓорѓиевски од Шкендија, а има и неколку повратници во националниот тим.