Дарио Ивановски со уште еден одличен настап во Севиља, трето најдобро време во кариерата

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски веќе неколку години наназад покажува дека е во светскиот атлетски крем во маратонско трчање. Дарио Ивановски и денес се прикажа во ново одлично светло во својата омилена дисциплина.
Македонскиот претставник беше дел од маратонот во Севиља кој се одржа рано утрово во Андалузија, па со одличен настап успеа да пристигне на целта и да оствари трето најдобро време во својата кариера.
Ивановски го заврши маратонот со време од 2:12:23 и заврши на 38-то место во конечниот пласман на маратонот во познатиот шпански град, а најдолгата делница донесе неверојатно големи возбудувања.
Победникот на маратонот е Шура Китата од Етиопија, кој успеа во луд фото-финиш да го совлада сонароднукот Асрар Хијрден.
Кениецот Билија Де Ене Хаилу го комплетираше подиумот и го освои брозениот медал на маратонот во Севиља.