Нашата Јана Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот

Нашата Јана Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот
Македонската скијачка Јана Атанасовска, не успеа да ја заврши првата трка во велеслалом на Зимските олимписки игри 2026.
Атанасовска на патеката на денешната трка мина само триесетина секунди и не успеа да се избори за втората трка.
Атанасовска во првото мерење имаше заостанување од водечката 1,45 секунди зад водечката, на втората контролна станица негативата изнесуваше 2,97, а пота се откажа.
Следен настап на Атанасовска на Олимпијадата во Италија ќе биде слаломот закажан за 18 февруари.
Инаку, водечка по првата велеслаломска трка е Италијанката Федерика Брињоне.