Финска ја изненади Италија среде Торино

Финска приреди огромна сензација и го елиминираше актуелниот светски шампион Италија во четвртфиналето со резултат 3-2 во сетови.
Натпреварот се одигра во Торино, каде што Финците успеаја да го шокираат домаќинот по голем трилер и повеќе од два часа игра.
Со овој триумф Финска се пласира во полуфиналето каде ќе се соочи со олимпискиот шампион Франција, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Полска и Словенија.