Само реми за Пелистер во Струмица

По четирите последователни победи на Пелистер, се најде јунак кој ќе го сопре битолскиот клуб, мечот против Беласица во Струмица заврши без голови 0-0.
Мечот се играше под рефлектори и требаше да биде уживање за навивачите на овој празничен ден. Но актерите на теренот не понудија многу.
Пелистер бараше начин да дојде до победа, особено беа офанзивни во второто полувреме, но Беласица се одбрани, ја сочува својата мрежа и по петти пат оваа сезона одигра нерешено.
По седмото коло Пелистер падна од врвот, таму сега е Охрид со бод повеќе.